Во 34. коло од турската Суперлига, Фенербахче со убедливи 6-0 го совлада тимот на Ризеспор.
Турскиот великан се уште има надеж дека би можел да го претекне Трабзонспор кој западна во резултатска криза. На четири кола пред крајот разликата е осум бода, а Трабзон има натпревар помалку.
Фенер доби голема помош од противникот уште во првата минута од мечот на натпреварот против Ризеспор. Домашниот тим Фабрицио Бајано доби црвен картон по само 35 секунди игра.
По прекршокот кој го направи врз Креспа, Бајано тргна да се пресмета со играчот на Фенербахче, а потоа со рака по лицето го удри дефанзивецот Ким и судијата Халил Умут Мелер му покажа црвен картон.
Red card at 35th second 😱😱😱 Most red carded player in the league Fabrício Baiano🇧🇷 got a red card again https://t.co/p0MBgxE71p
— Turkish Footy (@TRFootball_) April 22, 2022
29-годишниот Бразилец е познат по своето насилно однесување на теренот. Ова е негов четврти црвен картон сезонава и е апсолутен рекордер во европските лиги.
Тој претходно добиваше црвени картони на натпреварите со Газиантеп, Гиресунспор и Трабзонспор. И покрај тоа, тој има голема доверба кај тренерот и игра редовно
Бајано во својата кариера настапуваше и за Генчлербирлиџи, Маритимо и бразилските клубови Коритибу, Макае и Васко де Гама.