Играчот од средниот ред на Арсенал, Месут Озил можеше да стане најплатениот играч на денешницата, откри неговиот менаџер Еркут Согут
Како и повеќето ѕвезди во Европа, па и Озил доби шанса да игра во Кина, каде што може да заработува еден милион фунти неделно, но тој остана верен на Арсенал во кој добива околу 300.000 фунти неделно.
„Имавме некои големи понуди од Азија. Ни нудеа големи пари, рекордни, но за Месут парите не се најважното нешто во животот. Тој е бренд, има најмногу следбеници на социјалните мрежи од сите играчи во Премиер лигата и се продаваат најмногу дресови со неговото име во клубот“ Рече Согут.
Неговиот агент, исто така, рече дека срцето на Месут е во клубот и дека може да оди бесплатно, но остана затоа што го сака и го почитува клубот.
Озил со договор со Арсенал е обврзан до 2021 година и не е исклучена можноста дека на Емирати може да стави крај на кариерата, иако претходните сезони тој беше често критикуван поради некои послаби натпревари, оваа сезона игра доста добро, како и комплетниот тим на Арсенал.