Германскиот интернационалец, Месут Озил, кариерата ќе ја продолжи во редовите на турскиот гигант Фенербахче.
Озил се согласи на намалување на платата во Фенербахче, се откажа од голема сума пари, а причината зошто го стори тоа предизвика лавина од позитивни коментари од многумина.
Имено, голема желба на мајката на Месут беше да го носи дресот на Фенербахче барем еднаш во кариерата, а нејзиниот син ќе ја исполни таа желба во следните три и пол години.
Озил потпиша договор со Фенербахче на три и пол години, вреден 3,5 милиони фунти. Тој ќе заработува 67.300 фунти неделно, што е скоро три пати помалку од неделните примања во редовите на Арсенал.
Фановите на Фенербахче му приредија одличен пречек на Озил, а турскиот гигант најавува дека ова не е крај кога станува збор за звучни трансфери.