Италијанските медиуми објавија дека Јувентус и Рома постигнале договор за размена на играчи.
Неколку извори, вклучувајќи го и „Скај Спорт Италија“, велат дека Леонардо Спинацола и Лука Пелегрини ќе ги заменат клубовите, а Рома ќе добие дополнителни 10 милиони евра.
Спинацола, чија сегашна вредност е 15 милиони евра, минатата сезона мина на заем во Аталанта, за која играше 14 натпревари и еднаш влезе во листата на стрелците.
20-годишниот Пелегрини има вредност од 5 милиони евра, а минатата сезона тој беше на позајмица во Каљари, каде што играше 18 натпревари.
Ако брзо постигнат договор со играчите, овој викенд тие ќе треба да направат медицински прегледи во нивните нови клубови.
https://twitter.com/ForzaJuve2017/status/1144621146278694912