ФУДБАЛ

Падна договор, Нејмар ќе заработува 36 милиони евра по сезона, наскоро потпис!

Само неколку часа откако шпанските медиуми објавија дека Нејмар има желба да се врати во Барселона, француски Л’Екип објави дека Бразилецот постигнал договор со ПСЖ.

Нејмар, наводно, ќе потпише нов договор со Парижаните до летото 2026 година и ќе заработува иста плата како и претходно, односно 36 милиони евра по сезона.

Актуелниот договор на напаѓачот истекува во јуни 2022 година, новиот договор ќе значи четиригодишна соработка.

Нејмар и неговиот менаџерски тим знаат дека ниту еден клуб во Европа денес не може да ја изедначи или зголеми оваа понуда со оглед на фактот дека економската криза ги погоди сите поради пандемијата.

Деталите за договорот се очекува да бидат завршени многу скоро, а Нејмар треба да добие огромен бонус за потпишување на нов договор од околу 10 милиони евра.