Маурисио Покетино си заминува од ПСЖ по договор со францускиот шампион за раскинување на соработката.
Покетино седеше на клупата на ПСЖ во последните 18 месеци и успеа да ја освои титулата шампион на Франција во својата прва цела сезона, но предвременото испаѓање во Лигата на шампионите од Реал Мадрид беше пресудно за овој специјалист.
Минатата недела беа одржани клучни разговори на кои беше одлучено дека е најдобро двете страни да се разделат и секоја да си оди по својот пат.
Раскинувањето на соработката значи дека аргентинскиот стручњак ќе добие неверојатни 15 милиони евра обештетување, а напуштањето на Клубот воопшто нема да влијае на него.
Како што сега стојат работите, прв избор за наследник на Покетино е Зинедин Зидан, но додека не биде дефинитивно „да“ од новиот тренер, Аргентинецот и официјално ќе биде тренер.
Проблем за парижаните е фактот што Зидан се уште е се двоуми и се чини дека не е премногу заинтересиран да го преземе тимот. Меѓутоа, во фудбалот работите се менуваат преку ноќ.
Во ПСЖ се решени да направат пресврт пред новата сезона и да направат се за да ја остварат својата најголема желба, а тоа е да ја освојат Лигата на шампионите.
Со останувањето на Килијан Мбапе и со неколку засилувања, нема дилеми дека новиот тренер ќе има фантастичен тим на располагање.