ФУДБАЛ

Падна потпис на Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед денеска потпиша долгорочен договор со талентираниот фудбалер Ентони Еланга.

19-годишниот фудбалер ги мина младинските селекции на црвените ѓаволи, а клубот реши да му понуди продолжување на соработката.

Еланга се согласи на понудените услови и потпиша продолжување на соработката за уште четири и пол години и ќе остане член на тимот до јуни 2026 година.

“Мојата амбиција отсекогаш била да играм за Манчестер Јунајтед. Новиот договор е уште еден важен момент во мојата кариера”.

https://youtu.be/Sz6PCYiU_24

„Ова е совршена средина за следниот чекор. Имам околу мене играчи и тренери од светска класа од кои учам секој ден. Многу сум задоволен што клубот ми ја даде својата доверба“, рече Еланга.

Младиот шведски репрезентативец одигра вкупно пет натпревари за првиот тим на Јунајтед и постигна еден гол.