ФУДБАЛ

Пајет потпиша до 2024 година: Го сакам овој клуб

Димитри Пајет се согласи да ја продолжи соработката со францускиот Марсеј до 2024 година, а освен тоа се согласи и на намалување на платите.

Францускиот репрезентативец на тој начин ќе добие 50 проценти помалку пари во сезоната 2020/21 отколку што има сега во Марсеј, додека тој ќе зема 30 проценти помалку пари од сезоната подоцна.

И покрај сè, тој се согласи на договорот и ги воодушеви навивачите, иако во еден момент се чинеше дека ќе го напушти овој клуб.

„Го сакам Марсеј и тоа е одлична работа. Уште подобро е кога можете да го докажете тоа со дела, а не само со зборови“, рече Пајет.

Тој одигра 27 натпревари оваа сезона и постигна 12 голови со шест асистенции.