ФУДБАЛ

Пакета на пат кон ПСЖ, Милан бара повеќе пари

Бразилскиот играч од средниот ред се очекува да го напушти Милан овој месец и да се пресели во ПСЖ.

Лукас Пакета има силна желба да го напушти Милан.

Бразилскиот играч од средниот ред побара да не биде поканет во тимот за петок во мечот против Бреша.

Во оваа прилика, италијанските медиуми се убедени дека бразилскиот репрезентативец ќе ја напушти Италија во последните денови од јануари.

Играчот сака да му се придружи на неговиот сонародник, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.

Росонерите не се задоволни од понудата од 20 милиони евра од Французите и бараат 10 милиони повеќе.

Најдобрата опција за сите страни се чини дека е размена на Пакета со еден од следните играчи: Паредес, Херера или Дракслер, но сепак таква понуда се уште нема пристигнато на адреса на Милан.