ФУДБАЛ

Пакета се огласи откако остана во Милан: „Фала му на Бога, што не сум депресивен…“

Бразилскиот фудбалер Лукас Пакета остана во Милано иако беше речиси сигурно дека ќе го напушти Сан Сиро во јануари.

Пакета не играше за Милан во последно време, иако има одиграно 14 натпревари во Серија А во првиот дел од сезоната.

Италијанските медиуми вчера објавија дека Пакета го замолил клубот да го испрати на позајмица во Бразил, бидејќи му недостасува семејство и пријатели. Но, не се случи ништо, а овој 22-годишен играч од средниот ред остана на Сан Сиро.

По завршувањето на зимскиот рок, Пакета се огласи, негирајќи дека сака да се врати во Бразил и во последно време беше депресивен.

„Ви благодарние на сите за пораките што ги добив претходните денови, но сакам да ги расчистам работите. Благодарам на Бога немам депресија, болка или дека ми недостасува семејството и сакам да се вратам во Бразил. Добро сум и продолжувам да дадвам се од себе и да се борам во дресот на Милан“, рече Пакета.

ПОВРЗАНО

Серија А