ФУДБАЛ

Пакета својата кариера ја продолжува во Лион, а ова е особено пријатно за навивачите на Арсенал

Бразилскиот играч за врска Лукас Пакета реши да го напушти Милан откако стана јасно дека нема да ја има минутажа што ја очекува.

Пакета пристигна во Милано на почетокот на 2019 година од Фламенго за скоро 40 милиони евра. Тој беше стандарден во дресот на „росонерите“ во првата сезона, но го загуби местото во почетниот состав во втората половина на минатата сезона.

Стефано Пиоли не смета премногу на овој 23-годишен играч за врска дури и на почетокот на новата сезона, па затоа Пакета реши дека е најдобро за него да ги спакува куферите и да го смени клубот.

Почитуваниот новинар Фабрицио Романо денес објави дека Пакета договорил сè со Лион и дека кариерата ќе ја продолжи во Франција.

Пакета ќе потпише договор до 2025 година, а Лион и Милан постигнаа договор за висината на обештетувањето. Овој трансфер ги израдува особено навивачите на Арсенал, бидејќи сега Ауар најверојатно ќе отпатува во лондонскиот клуб.