Легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев во интервју за Спорт клуб зборуваше за претстојнит дуел на Црвена Звезда против Милан во Лига Европа кој ќе се одигра на –ти февруари.
-Се согласувам дека во последните 20 години Милан на некој начин најмногу падна, фудбалски секако. И тука гледам некаква шанса за Црвена Звезда. Сметам дека Станковиќ добро работи, има добра атмосфера и добро играат. Би бил среќен кога би победиле. Не само затоа што би победила Црвена Звезда, туку што реваншот би бил интересен, нека се тресе и Милан малку, вели Панчев.