ФУДБАЛ

Пандев: Благодарен сум на цела македонска јавност, на сите од оваа моја 20 годишна бајка

Горан Пандев го одигра последниот натпревар за Македонската репрезентација, натпреварот против Холандија беше неговиот 122. натпревар. Пандев постигна вкупно 38 голови за Македонија.

„Возбуден сум. Благодарен на цела македонска јавност. 20 години носење на овој свет дрес за мене беше посебна чест, гордост. Среќен сум што вака ја завршив репрезентативната кариера, со едно големо натпреварувае. Тоа беше сон, не само на мене, туку и на сите македонци. Одигравме едно, за мене добро Европско првенство. Немавме искуство, знаевме дека играме на големи натпревари, нифалеше малку за да направиме резултат, но супер за овие дечки, посебно за мене е големо искуство и вечно ќе се сеќавам на ова Европско првенство“, рече Пандев.

На новинарското прашање за спорната ситуација за фаулот прад првиот погодок на Холандија, Пандев одговори:

„Тој ми ја згазна и ногата и топката, и кажа самиот на судиите. Но знаеме дека ова се фаворитски репрезентации и судиите маку подруго гледаат на нив, но нема за што да тагуваме, ние го дадовме максимумот. Знаеме дека Холандија е една од фаворитите на ова Европско првенство, плус тоа играа на домашен терен. Имавме на 0:0 статива, поништен гол од офсајд. Мислам дека добро се носевме првото полувреме, во второто полувреме едноставно физичкиот дел излезе на виделина, тие играат деведесет минути ист ритам, неверојатна клупа и сигурно дека заслужено победија“, рече Пандев и продолжи за неговата одлука да ја заврши репрезентативната кариера.

„Тоа е моја конечна одлука. Тоа е мое чувство и ја кажувам вистината. Не можам да играм, а да не го дадам максимумот. Сакам да бидам сто посто спремен, се чувствувам дека на два-три фронта за мене на 38 години е нешто преголемо. Ќе навивам за овие момци. Има многу лидери овде, во оваа репрезентација и убеден сум дека ова генерација ќе избори пласман на светско првенство. Ги почнавме добро квалификациите, посакувам се најдобро и ке навиваме, не само јас туку и цела Македонија за нив.“

„Искрено срцето ми е полно, повеќе од тоа да играм на едно големо натпреварување во светиот дрес, во репрезентативниот дрес нема поголемо. Клупскиот фудбал да го оставиме на страна бидејќи е нешто друго. Посебно е чуството кога ќе видеш толку македонци и во Букурешт и во Амстердам да те бодрат. На првиот натпревар цела Македонија застана едноставно да го гледа натпреварот. Направивме нешто што вечно ќе остане во нашите сеќавања и сум им благодарен на цела македонска јавност и на вас новинарите, на сите селектори и доктори од оваа моја 20 годишна бајка. Да бидеам искран го дадов максимумот од себе и мислам дека е вистинско време да кажам крај, затоа што повеќе од ова не можам да дадам за репрезентацијата. Ова е мојот максимум“, изјави Пандев

ПОВРЗАНО

Светско првенство 2026Горан Пандев