Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев очекува победа утре против Грузија, иако како што вели во изминатиот период поради пеколниот ритам психички и физички се истрошиле, особено на мечот со Косово.
-Сигурно дека тие што сме тука ќе го дадеме максимумот. Ова е трет натпревар за нас знаеме Косово колку не истроши и психички и физички. Сепак спремни сме утре да излеземе и да го добиеме натпреварот. Ние што сме тука сите конкурираме за првите 11. Ова е еден пеколен ритам и не може секогаш да се победи, таков е фудбалот. Наша цел е утре да победиме и да дојдеме на чекор од таа прва позиција“, изјави капитенот Горан Пандев.
Натпреварот меѓу Македонија и Грузија ќе се игра утре на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.