Македонскиот репрезентативец Горан Пандев се најде на удар на италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора, поради начинот на кој го прослави голот против Милан.
– Изливот на емоции на Пандев, прегрнувањето со соиграчи е најдобар доказ дека не се почитуаваат препораките. За жал, во ваква ситуација мораме да носиме одлуки кои ќе делуваат заштитнички за здравјето на Италијанците, изјави Спадафора.
Сето ова е поради препораките за превенција од ширењето на коронавирусот. Сите мечеви се играат без публика, се препорачува што помал близок контакт, а владата и министерството бараа целосно прекинување на првенството, но не успеаја да се договорат со челниците на Серие А.