ФУДБАЛ

Пандев заедно со Роналдо во нападот: Најсилната екипа на играчи за кои ова е последното ЕУРО

Со синоќешниот натпревар помеѓу Италија и Турција официјално беше отворено 16. Европско првенство во фудбал.

„Азурите“ го отворија со фуриозна победа во Рим на „Олимпико“ со победа од 3:0. Головите ги постигнаа Имобиле, Инсиње и Демирал кој постигна автогол.

Нема сомнение дека до крајот не очекуваат голем број интересни натпревари, со оглед на тоа што на турнирот ќе играат најголемите sвезди на најсилните репрезентации на Стариот континент.

За многумина од нив ова ќе биде последното ЕУРО, со оглед на тоа што тие се во доцните играчки години. Британскиот „The Sun“ го носи најсилниот тим на фудбалери со кои ова ќе биде последен турнир.

На голот беше назначен Пјатов, чуварот на репрезентацијата на Украина. Стоперскиот тандем го сочинуваат Швеѓанецот Гранквист и искусниот Пепе од Португалија. Пекарик го зазеде своето место десно, а Кјелини лев бек.

Во формацијата 4-3-3, Спарв, Ларсон и капитенот на Ватрени Лука Модриќ ја држат средината на теренот, додека во нападот се Мертенс, Пандев и Кристијано Роналдо, кој без сомнение е прва sвезда на овој тим.

Најстариот играч на ова ЕУРО е холандскиот голман Мартен Стекеленбург, кој има 38 години, Пандев е една година помлад. Кристијано Роналдо (174) собра најмногу настапи за репрезентацијата од сите учесници на ова ЕУРО, а Модриќ е веднаш зад него со 138, а нашиот капитен Горан Пандев има собрано 119 натпревари за Македонија.

Вториот ден на Европското првенство ни носи три дуели. Велс и Швајцарија ќе се сретнат во 15 часот, додека Финска и Данска ќе се натпреваруваат во скандинавското дерби три часа подоцна.

ПОВРЗАНО

Горан Пандев