Во Европа владее вистински страв поради епидемијата на коронавирусот што создаде хаос во светот на спортот.
Неколку лиги во Европа се прекинати најмалку две недели и ќе продолжат откако ќе се реши ситуацијата. Хаосот настана во Италија затоа што Даниеле Ругани и Маноло Габиадини се позитивни на коронавирус.
Паника се појави и во Англија откако неколку играчи на Лестер пријавија симптоми на вирусот во оваа земја. „The Sun“ објави дека тројца играчи се позитивни на коронавирусот, а на крајот со изјава излезе Брендан Роџерс, тренерот на овој тим
„Имаме неколку играчи кои покажуваат симптоми и знаци на коронавирусот. Ние ги следиме процедурите за да ги задржиме подалеку од остатокот на тимот”, изјави Роџерс.
Овие тројца играчи веќе некое време не тренираат со тимот и се во домашна изолација. Но, во Лестер не сакаа да откријат за кои играчи станува збор.