ФУДБАЛ

Паника во Милано, тројца заразени со коронавирус

Лошата вест доаѓа од Миланело, центарот за обука на италијанскиот фудбалски клуб Милан.

Росонерите се подготвуваат да се вратат на тренинзите, собирот во кампот започна, но сега тие се потресени од веста дека во тимот има три лица заразени со коронавирус.

Новинарот Николо Шира ја објави веста за тоа колку позитивни членови има екипата на Милан, но не се наведува дали тие се исклучиво играчи или членови на стручниот штаб.

Претходно, Фиорентина објави дека има шест заразени во тимот, а во Сампдорија четворица беа позитивни.

 

Оваа вест не им помага на клубовите и раководството на лигата кои сакаат да го продолжат првенството во јуни.