Наполи е комплетно во трка за италијанскиот шампион, а многумина оценуваат дека има најдобар моментум. Сепак, повредата на нигерискиот напаѓач Виктор Осимен може значително да го расипе расположението.
Осимоен се пожали на повреда на бутниот мускул и го напушти тренингот. Во Наполи стравуваат дека би може да го пропушти натпреварот против Фиорентина, кој тимот го игра викендов на стадионот Диего Армандо Марадона.
Сепак, тимот играше без Осимен во Бергамо кога беше поразена Аталанта. Инаку, Осимен не одигра 11 натпревари во Серија А за Наполи оваа сезона и тимот забележа шест победи, но забележа и три порази, од Аталанта, Емполи и Специја.