ФУДБАЛ

Паника во Неапол: Осимен ќе биде подготвен за Милан?

Во Наполи до пред некој ден течеше мед и млеко. Убедливата предност во Серија А, како и убедливите игри во Лигата на шампионите, навестуваа историска сезона. Сепак, убедливиот првенствен пораз од Милан го потресе тимот на Луќан Спалети, а расположението беше дополнително тмурно поради повредата на првиот стрелец на тимот, Виктор Осимен.

Осимен заработи повреда на мускулот на репрезентативната пауза поради што не играше против Милан. И покрај тоа, убедливиот пораз од Росонерите, кои им се ривали на „наполитанците“ во четврт-финалето на Лигата на шампионите, ги запали светлата под Везув.

Бидејќи првиот натпревар на Сан Сиро е за околу една недела, се следи темпото на закрепнување на Нигериецот. Затоа што неделниот натпревар покажа дека тој сепак значи за тимот повеќе отколку што се претпоставуваше. А можеби избраниците на Стефано Пиоли малку го исплашија лидерот во Серија А, бидејќи на стадионот Диего Армандо Марадона никој одамна не го понижуваше така тимот на Луќан Спалети.

Се уште не е познато кога Осимен ќе се врати на терените, но како што пренесува „Скај Спорт Италија“ се очекува во петок да се знае дали ќе игра против Милан или не.

ПОВРЗАНО

Серија А