ФУДБАЛ

Паника во репрезентацијата на Шпанија неколку дена пред Европското првенство

Шпанската репрезентација вчера започна да паничи откако беше објавено дека Серхио Бускетс е позитивен на коронавирус.

Останаа само неколку дена до почетокот на Европското првенство, а Луис Енрике ги доби најлошите можни вести.

Имено, Бускетс беше избран за нов капитен на Шпанија откако во тимот не беше повикан Серхио Рамос, но играчот за врска на Барселона сигурно нема да биде во тимот на почетокот на Европското.

Вчера беше објавено дека Бускетс е позитивен на коронавирус што предизвика црвен аларм во тимот на Шпанија. Многумина стравуваа дека искусниот играч за врска заразил некој од играчите или стручниот штаб, што би било погубно за Шпанците.

Сепак, утрово беше објавено дека сите други играчи и членови на стручниот штаб се негативни откако синоќа беа повторно тестирани.

Бускетс се врати во својот дом во Барселона со брза помош и се чувствува добро и нема никакви симптоми. Искусниот играч тренира дома, а веднаш по добивањето негативен тест ќе му биде дозволено да се приклучи на националниот тим.

Шпанските медиуми објавија дека Бускетс бил заразен од член на семејство пред да дојде на репрезентативниот собир и дека имал негативни тестови за ПЦР до недела.

Сепак, репрезентацијата на Шпанија се олесни откако беше потврдено дека никој повеќе не е позитивен и дека другите играчи ќе бидат подготвени за стартот на Европското првенство.

Исто така, Енрике ги покани Карлос Солер, Брајс Мендез, Пабло Форналс и Родриго Морено да тренираат одвоено од тимот бидејќи е можно некој од нив да го пополни местото на Бускетс во тимот. Бускетс се очекува да пропушти два натпревари на Европските натпревари.