Угледниот италијански весник „Газета дело Спорт“ пишува дека спорскиот директор Паоло Малдини го условува неговото останување во Милан. Како што пишува овој весник, тој бара одредени гаранции и услови.
Тој бара доста промени, пред се во играчкиот кадар, но и во функционирањето на тимот, односно да биде направена целосна реорганизација по коронавирусот.
Тој е технички директор од август 2018-та година, а се очекуваше да замине откако Звонимир Бобан доби отказ.
Иван Газидис конактирал со Рафл Рангник да дојде во Милан, а токму поради тоа е заминувањето на Бобан кој не е согласувал. Сега Малдини поставува услов да го има главниот збор пред се кога се во прашање трансферите.
Инаку, Паоло Малдини и неговиот син пред неколку дена се опоравија од коронавирусот.