ФУДБАЛ

Паоло Малдини и неговиот син позитивни на коронавирус!

Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини и неговиот син Даниеле, се на списокот на фудбалски личности позитивни на вирусот.

Малдини и неговиот син, кој игра во Милан, вечерва ги дознаа резултатите и тие се позитивни на коронавирус.

И на двајцата им посакуваме брзо закрепнување, но вестите кои доаѓаат од Италија, особено од северот, каде што е Милан, не се воопшто охрабрувачки.

Денес во оваа земја починаа 793 луѓе, а вкупно 4.825 луѓе починаа од почетокот на „Ковид-19“.

Вкупниот број заразени се зголеми од петок од 47.021 на 53.578.