ФУДБАЛ

Папу Гомез во близина на потпис

Водечките шпански и италијански медиуми пренесуваат дека зделката меѓу Аталанта и Севиља е завршена, кога станува збор за трансферот на Папу Гомез.

Аргентинецот ќе потпише за Севиља, а Аталанта ќе добие 7,5 милиони евра.

Папу Гомез ќе потпише договор до 2024 година, а шпанските медиуми истакнуваат дека ќе има дополнителни бонуси за тоа, во зависност од игрите што ќе ги обезбеди на теренот.

Аргентинецот беше еден од најдобрите играчи на Аталанта, а Бергамо заминува наводно поради кавга со тренерот и управата на клубот. Италијанските медиуми наведуваат дека Гомез не бил позитивно расположен во соблекувалната во последните месеци.

Да додадеме на ова дека Аталанта претходно ги одби понудите за Гомез кои доаѓаа од главните ривали во Серија А.

 

ПОВРЗАНО

Серија А