Парагвајските медиуми синоќа потврдија дека Роналдињо после еден месец бил пуштен од затвор и сега бил во куќен притвор.
Роналдињо беше уапсен пред нешто повеќе од еден месец, откако во Парагвај се обиде да влезе со лажни документи со својот брат. Сепак, легендарниот бразилски играч конечно е ослободен од затвор, но ќе мора да оди во куќен притвор сè додека не започне судењето.
Тој плати казна од 1,5 милиони евра за да излезе од затвор, а неговиот куќен притвор ќе биде во хотел во главниот град на Парагвај, Асунсион.
Роналдињо и неговиот брат ќе останат во домашен притвор до крајот на судењето и ќе се соочат со затворска казна од шест месеци. Сепак, тука ќе бидат пресметани и времето поминато во затворот и во домашен притвор.
Но, шпанските медиуми денес шпекулираат дека Лионел Меси можеби се решил да се заложи за да помогне и да ја плати казната на неговиот поранешен соиграч. Поточно, беше објавено дека парите се уплатени од Барселона, а многумина веруваат дека Меси ги уплатил парите.
Сепак, сè уште нема официјални информации за ова. Претходно се појавија шпекулации дека Меси ќе ја плати казната на Роналдињо, но тогаш тоа беше демантирано од капитенот на Барселона.