Искусниот шпански напаѓач Фернандо Љоренте пристигна во Наполи непосредно пред почетокот на сезоната, но може да го смени клубот повторно по само шест месеци.
Љоренте пристигна во Наполи како слободен агент откако му истече договорот со Тотенхем. Шпанецот потпиша договор до летото 2021 година, но по само шест месеци може да го напушти клубот од Неапол.
Италијанските медиуми јавуваат дека Љоренте е на мета за Парма, барајќи да пронајде нов напаѓач, откако Инглесе се здоби со сериозна повреда. Љоренте не е многу стандарден во Наполи и претежно влегува од клупата и покажа желба да замине во Парма.
Преговорите меѓу Парма и Наполи се уште се во тек и клубовите се обидуваат да ае договорат за заем до крајот на сезоната. „Калчомеркато“ пишува дека договорот е скоро постигнат и дека Љоренте веројатно ќе го гледаме во дресот на Наполи.
Овој 34-годишен напаѓач досега има одиграно 16 натпревари во Серија А оваа сезона и има постигнато три гола.