ФУДБАЛ

Парти се уште не дебитираше, а веќе ги разочара навивачите на Арсенал

Томас Парти потпиша за Арсенал во последните минути од преодниот рок.

Лондонскиот клуб ја искористи можноста да го купи Парти со активирање на откупна клаузула од 50 милиони евра и поранешниот играч за врска на Атлетико дојде како едно од најголемите засилувања на лондонскиот клуб во последните неколку години.

Навивачите на Арсенал имаат големи очекувања од ганскиот фудбалер, но другите се разочарани откако го гледаа натпреварот за неговата Гана.

Некои навивачи напишаа дека внимателно го следеле целиот натпревар и заклучиле дека Парти не е толку добар и дека нема да биде посебно засилување за клубот од северен Лондон.

Еден навивач смета дека Парти не треба да се посветува премногу на „Гана која повеќе не е како што беше во 2010 година“ и дека тој „треба целосно да се фокусира на Арсенал“.

Гана беше поразена со 3:0 на гостувањето кај Мали во петокот вечерта, а Парти одигра 90 минути. Се чини дека не беше на вистинското ниво, а навивачите на Арсенал се загрижени дека тоа ќе биде нов неуспех.