ФУДБАЛ

Патрис Евра повторно е дел од, Манчестер Јунајтед

Поранешниот француски репрезентативец Патрис Евре се враќа во Манчестер Јунајтед.

Долгогодишниот член на „Црвените ѓаволи“ ќе добие улога, амбасадор на клубот и ќе го промовира Јунајтед низ светот, така што клубот и понатаму ќе има огромна популарност.

Евра помина осум години на „Олд Трафорд“. Тој освои дури пет титули во шампионатот, а во последно време е чест гостин на трибините.

Менаџерот на клубот одлучи повторно да го регрутира. Овој пат, ќе игра важна улога надвор од теренот, но ќе биде дел од големо семејство на англискиот гиганти.

Францускиот играч честопати е критички настроен кон играчите на Јунајтед. Тоа јавно е прикажано и на социјални мрежи, но засега на никој во клубот не му смета.

По напуштањето на Манчестер во 2014 година, Евра играше за Јувентус, Марсеј и Вест Хем.