ФУДБАЛ

Пауло Дибала претставен: „Фотографијата што сите ја чекавте“

Пауло Дибала (28) е нов играч на Рома.

 

Аргентинскиот офанзивец потпиша тригодишен договор со римскиот тим и денеска клубот официјално го претстави како свој нов играч.

 

„Фотографијата што сите ја чекавте“, порачаа од Рома покрај фотографијата на Дибала во дресот на Волчицата.

Тие претходно додадоа:

 

„Клубот е почестен што може да го потврди потписот со напаѓач од светска класа“.

Аргентинскиот фудбалер претходните седум години го носеше дресот на Јувентус. Тој ја напушти старата дама на крајот од сезоната по истекот на договорот.

 

Покрај Јувентус, играше и за Палермо и аргентинскиот Институто.