ФУДБАЛ

Павар се предомисли, Нагелсман му ја најде идеалната улога

Бенџамин Павар би можел на крајот да остане во Баерн Минхен.

Иако претходните месеци многубројни извори пишуваа за неговото незадоволство, со доаѓањето на Кансел, Павар всушност профитираше.

Џулијан Нагелсман реши да го промени системот и да игра во формација со тројца стопери, а Павар е буквално перфектен по десната страна.

На Павар всушност најмногу му одговара да игра со тројца стопери, каде што би бил десен среден бек, покрај Упамекан и Де Лихт.

Од Германија денеска пристигнуваат информации дека Павар е задоволен од новата улога и позиција во тимот и дека размислува за останување.

Да потсетиме, Павар го следат Барселона и Интер, но засега се чини дека Французинот останува.

Тој има договор до летото 2024 година и од Баерн му ветиле дека ќе се согласат да го продадат доколку побара трансфер и се уште е незадоволен.