Педро Родригез по пет години го напушта Челси, а неговата следна дестинација ќе биде Италија.
Медиумите од Апенините известуваат дека Педро постигнал договор со Рома, па искусниот Шпанец ќе го носи дресот на „Волчицата“ од следната сезона.
Офанзивниот играч кој освои се што може да се освои и на клубско и на национално ниво, ќе потпише двегодишен договор вреден 3,5 милиони евра.
Кориере дело Спорт наведува дека телефонскиот разговор со Паоло Фонсека бил клучен. Тренерот на „Волчицата“ успеа да го убеди Педро да дојде, а потписот може да „падне“ во петок.
Фонсека му рече на искусниот офанзивен играч дека ќе има исклучително важна улога во тимот со оглед на неговата можност да игра на сите позиции во нападот.
https://www.youtube.com/watch?v=6C2HF8HzbnQ
Патем, Педро е дете на славната Ла Масија, тој најголем дел од својата кариера ја помина во Барселона, откако беше воведен во првиот тим од Пеп Гвардиола. Со оглед на своето богато искуство, треба да биде големо засилување за Рома.