ФУДБАЛ

Педро, во јануари би можел да го напушти Челзи

Искусниот шпански фудбалер може да ја продолжи кариерата надвор од европскиот континент.

Педро Родригез размислува да го напушти Челзи во јануарскиот преоден рок, веста ја објави „Ел Дорсал“.

Шпанскиот фудбалер се шпекулира дека може да ја продолжи кариерата надвор од европскиот континент. Интерес за напаѓачот покажаа клубовите од Кина.

Но, за опасниот напаѓач е заинтересиран и турскиот гигант Фенербахче.

Поранешниот играч на Барселона оваа сезона има одиграно само три натпревари во Премиер лигата со Челзи, бидејќи тренерот Френк Лампард не го има во прв план.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига