ФУДБАЛ

Пеколен финиш на Сент Етјен за победа над Монпелје

Фудбалерите на Сент Етјен со голем пресврт во финишот стигнаа до трите бода против Монпелје (3:1), во 23. коло од Лига 1.

Гостите поведоа во 11. минута. Тинејџерот Ели Вахи добро реагираше и му донесе предност на Монпеље. Гостите водеа до финишот, а потоа следеше пеколна серија на разбудениот Сент Етјен, три гола за десет минути, за конечни 3:1.

Роман Хамум прв погоди за израмнување во 82. минута. Во последните секунди од регуларниот дел прецизен беше Арно Нордин. Точка на големата победа од 3:1 стави Казри во втората минута од судиското надополнување.

Шестиот Монпеље има 34 бодови, Сент Етјен се искачи на претпоследното место со 18 бодови. Последниот Лориен собра 17.