ФУДБАЛ

Пеле му одговори на Кристијано Роналдо: „Оваа фотографија е во твоја чест“

Кристијано Роналдо блескаше денес во победата на Јувентус на гостувањето кај Каљари.

Старата дама славеше со 3:1, а сè беше готово по половина час игра кога неверојатниот Кристијано Роналдо постигна хет-трик.

Португалецот по мечот објави на Инстаграм затоа што стигна до бројката од 770 голови во кариерата, со што стана најдобар стрелец на сите времиња во фудбалот.

Тој ги воодушеви сите со порака за Пеле, чиј рекорд го сруши одамна, но објасни зошто чекаше да се огласи дури синоќа.

На крајот на краиштата, се огласи легендата Пеле, кој му се заблагодари на Роналдо за одличната порака и му порача дека му се восхитува за сè што направил во неговата кариера досега.

“Кристијано, какво убаво патување имаш. Ти се восхитувам и не е тајна. Честитки за соборувањето на мојот рекорд на голови на официјални натпревари. Ја објавувам оваа слика во ваша чест како симбол на нашето пријателство кое трае со години”