Бразилската легенда Пеле изјави дека Кристијано Роналдо е најдобриот играч во светот, а себеси си се оцени како најдобар играч во историјата на фудбалот.
Поранешниот бразилски напаѓач зборуваше во интервју за Јутјуб каналот Пилхадо, каде беше запрашан за најдобриот играч во светот моментно и најдобриот во историјата.
„Најдобар играч на светот денес е Кристијано Роналдо“, рече Пеле.
„Мислам дека тој е најдобар заради конзистентноста на теренот, но да не заборавиме и на Лионел Меси, секако, но тој не е класичен напаѓач“, додаде Пеле.
Потоа беше запрашан кој играч ќе биде најдобриот во историјата на фудбалот.
„Ова е тешко прашање што треба да се одговори. Не можеме да ги заборавиме Зикон, Роналдињо и Роналдо. Во Европа Франц Бекенбауер и Јохан Кројф“, истакна тој.
„Не е моја вина, но мислам дека Пеле беше подобар од сите нив“, заклучи тој.
Не е изненадувачки што Пеле не го вклучи Диего Марадона во својот список, знаејќи го ривалството меѓу нив.