Легендата на бразилскиот фудбал Пеле се чувствува подобро откако беше во болница на лекување на респираторна инфекција отежната од корона вирусот, соопштија лекарите од болницата Алберт Ајнштајн во Рио де Жанеиро.
Пеле е во болница од 29 ноември, а лекарите рекоа дека се уште не знаат кога ќе биде отпуштен.
Пеле е „свесен и има стабилни витални знаци“, се вели во соопштението на болницата.
Тој исто така се бори со ракот и оди на хемотерапија.
Пеле во својата играчка кариера три пати ја освојуваше титулата светски шампион.