Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини даде изјава во која повторно го обиколи Реал Мадрид.
Бетис на Пелегрини загуби од Реал Мадрид со 3:2 вчера, но натпреварот го одбележаа бројни контроверзни одлуки во корист на Кралевите, а особено се крена прашина околу одлуката да се досуди пенал за Реал со резултат 2:2.
„Тешко е кога играте против Реал, ВАР и пенали“, рече Пелегрини и додаде:
„Ми се допаѓа ВАР, тоа е многу важно во спортот, но понекогаш навистина се чини дека не носи правилни одлуки и има свесни пропусти“.
Пелегрини е задоволен од начинот на кој Бетис го одигра натпреварот, но на крајот неговиот тим немаше сили да избегне пораз против актуелниот шампион на Шпанија.