ФУДБАЛ

Пелистер на дисциплинска комисија, навредливи скандирања на навивачите против Албанците

По пријава на делегатот на натпреварот ФК Пелистер – ФК Шкупи, Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија го предаде ФК Пелистер на понатамошна постапка во Дисциплинската комисија.

Пријавата се однесува поради навредливо скандирање на дел од навивачите на натпреварот Пелистер – Шкупи против Албанците, одигран во рамки на 3. коло од Прва МФЛ, објави денес ФФМ.

Натпреварот се одигра вчера во Кавадарци и заврши со резултат 2:0 за Пелистер.

ПОВРЗАНО

Прва МФЛПелистерШкупи