Левото крило на Вардар, Тоше Ончев, до крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе биде позајмен во екипата на Пелистер. Тој е играч на Вардар, а двете екипи се договорија за овој трансфер, и Ончев би требало да добие и поголема минутажа во тимот од Битола.
Ончев пред почетокот на сезоната беше прекомандуван од екипата на Вардар јуниор во првиот тим, и ги мина подготовките. На позицијата лево крило покрај Ончев, пријавени за настап во СЕХА лигата и ЕХФ лигата на шампионите се уште и Тимур Дибиров и Владо Недановски, а за мечевите во СЕХА лигата пријавен е и Стефан Чакалиќ.
Ончев сезонава играше на два натпревари во СЕХА лигата и постигна три гола.