ФУДБАЛ

Пелистер славеше победа од 2:0 против вечниот ривал Вардар (ВИДЕО)

Во натпреварот ов 25. коло на ПМФЛ, Пелистер го пречека Вардар на домашен стадион и славеше победа од 2:0.

Битолчаните одлично го започнаа натпреварот па во 17. минута Маневски со одличен гол со глава го отвори резултатот, и им донесе водство на Битолчани.

Вардар во првото полувреме за разилка од домаќините немаше сериозни закани кон голот на Пелистер, па со овој резултат заминаа на пауза.
Второто полувреме ни донесе малку подобра игра, Вардар имаа неколку шанси но не успеаа да изедначат, а една од најсерионите закани беше во 62. минута, кога Драгарски го фаулираше Мирчевски и настана мал хаос на теренот.

Во финишот на мечот, во 87. минута, беше досуден пенал за Пелистер, а одговорноста ја презеде Манески кој беше прецизен за победа од 2:0 на Пелистер над вечниот ривал Вардар.

ПОВРЗАНО

ВардарПелистер