Младиот состав на тимот од Автокоманда му пружи силен отпор на водечкиот во домашното првенство, но сепак на крајот гостите од Битола успеаа да стигнат до победа.
Металург 2 водеше се до завршните 15 минути од средбата, Битолчани успеаа да израмнат на 23:23, а по првото водство гостите ја задржаа предноста и ги освоија бодовите на гостувањето во Скопје.
Најефикасен во победничката екипа со осум гола беше Орџоникидзе, а по пет пати прецизни беа Димитровски, Чуриќ и Везенковски.
Во редовите на Металург, прв стрелец со 11 гола беше Серафимов додека пет гола беа дело на Мелоски.