За само 11 сезони, Пеп Гвардиола има освоено дури 29 трофеи, што доволно зборува за неговите тренерски способности.
Само Мирчеа Луцеску со 32 и Алекс Фергусон со 48 трофеи се поуспешни од Пеп.
Како тренер на Барселона, Баерн и Сити тој освои сè што можеше да се освои. Интересен и значаен факт е дека неговиот Сити има освоено осум од последните девет трофеи доделени во англискиот фудбал.
Тие двапати ја освоија Премиерлигата, Лига купот три пати, ФА Купот еднаш и Комјунити Шилд двапати.
„Ова е нешто необично. Ние освоивме осум од последните девет трофеи. Тешко е да се повтори. Не само ние, туку и нашите ривали“, објасни Пеп.
Пеп има 29 трофеи, 48-те на Фергусон се далеку, но не е исклучена можноста да го стигне легендарниот тренер, бидејќи пред него има уште многу години.