ФУДБАЛ

Пеп Гвардиола е пред се голем џентлмен, а тоа го покажува и изјавата по титула на Ливерпул

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола покажа спортско однсување, откако неговиот клуб синоќа ги загуби математичките шанси да ја освои англиската титула.

Граѓаните загубија од Челси со 2:1, а со тој пораз му овозможија на Ливерпул да ја прослави својата прва титула по 30 години.

По натпреварите, зборувајќи за „BBC Radio 5“, Шпанецот на клупата на Сити им честиташе на „црвените“ за трофејот велејќи дека имаа фантастична сезона.

„Заслужено се шампиони. Тие одиграа неверојатна сезона. Пред две сезони постигнавме 100 поени и имавме 25 поени повеќе од нив. Минатата година не издржаа, но оваа сезона успеаја. Честитки за нив, а на нас останува да излвлечеме од оваа сезона поуки и да се подобриме за следната“, рече тој.

Манчестер Сити изминативе две години беа шампиони на Англија, и тие ќе треба да почекаат за нова можност следната сезона.

Клубот од „Етихад“ сега ќе се врати во Лигата на шампиони, каде во август ќе го одигра реваншот против Реал Мадрид.