ФУДБАЛ

Пеп Гвардиола потроши 450 милиони за одбрана

Манчестер Сити го донесе Рубен Дијаз од Бенфика, за дополнително засилување на бековската линија.

Се чини дека одбраната е најголемиот проблем за Манчестер Сити, па овој тим прими дури пет погодоци на „Етихад“ од Лестер во неделата (2:5).

Гвардиола го донесе дефанзивецот Дијаз за 68 милиони евра, а трансферот може да чини 81 милиони евра преку бонуси, додека Никола Отаменди, кој ќе ја чини Бенфика 15 милиони евра, ќе отпатува за Лисабон.

Во ерата на Пеп, Сити потрошија околу 440 милиони евра на засилување во одбраната на „Етихад“.

Претходно ги донесе Џон Стоунс од Евертон за 50 милиони, Бенџамин Менди од Монако за 57, Кајл Вокер за 49 од Тотенхем, Ајмерик Лапорте за 62 милиони од Атлетик, Жоао Кансело беше платен 60 милиони во Јувентус, за Данило 28, Анџелино 12 и ова лето Нејтан Аке исто така дојде за 45 милиони.