ФУДБАЛ

Пеп Гвардиола пронајде нова „деветка“: Ќе мора да игра еден ден …

Пеп Гвардиола има многу проблеми со напаѓачите.

Габриел Хесус е позитивен на коронавирус и не може да игра, Серхио Агуеро не е доволно подготвен, па против Челзи Кевин де Брујн одигра лажна деветка.

Шефот на Сити планира во иднина да игра со германскиот играч за врска Илкај Гундоган.

“Еден ден тој ќе мора да игра како лажна деветка. Убеден сум дека може добро”, изјави Гвардиола.

Гундоган во последно време игра навистина добро. Постигна три гола и е еден од најзаслужните за добрите игри на граѓаните.