Еден од најголемите трансфери летово беше оној на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити.
Трансфер сагата со Халанд во главната улога траеше со месеци. Норвежанецот беше поврзуван со неколку фудбалски гиганти како Реал Мадрид и Баерн Минхен, а на крајот потпиша за Сити за 60 милиони евра.
Пеп Гвардиола пред натпреварот против Борусија Дортмунд во 2.коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд беше запрашан како реагирал на веста за трансферот на Халанд, која му ја соопштила Тксики Бегиристајн.
Новинарите секако очекуваа подолга изјава во која Шпанецот ќе открие колку е задоволен што напаѓачот пристигна на „Етихад“, но Гвардиола само се насмеа и даде многу краток одговор.
„Разговарав со Тксики Бегиристајн две секунди. Само реков „Во ред, добро“, одговори Гвардиола на новинарско прашање.
“Okay, fine”.
How Pep Guardiola reacted to Erling Haaland deal completed when Txiki Begiristain updated him 🔵 #MCFC@HaytersTV ⤵️🎥 pic.twitter.com/tKLqRiC2LD
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 13, 2022
Халанд со стил ја започна својата авантура во нов клуб. Досега има одиграно осум натпревари на кои постигна дури 12 гола и забележа една асистенција.
Покрај тоа, Норвежанецот соборува нови рекорди во Премиер лигата. Сепак, Гвардиола смета дека Халанд се уште не е во најдобра форма.
Млад е и гладен за игра. Сè уште може да се развива. Кога ќе се усогласи со остатокот од тимот, ќе стане подобар играч“, изјави Пеп пред утрешниот дуел со Борусија.
Манчестер Сити моментално е втор во Премиер лигата со 14 бодови. Во следното коло се среќаваат со Вулверхемптон. Средбата е закажана за сабота во 13 часот и 30 минути.
Претходно, тимот на Пеп Гвардиола ќе се соочи со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите. Овој натпревар се игра во среда од 21 часот. Во првото коло Сити победи убедливо на гостувањето кај Севиља со 4:0, додека Борусија беше сигурна на домашен терен против Копенхаген.