ФУДБАЛ

Пеп не го доживеал ова од 2010 година!

Манчестер Сити вчера беше поразен во дербито од Арсенал, па по осмото коло го предаде првото место на табелата во Премиер лигата. Него го делат Тотенхем и Арсенал со по 20 бодови, а актуелниот шампион сега е трет со 18 бодови.

„Топчиите“ победија со 1:0 на „Емирати“ во неделата, а Сити за 90 минути имаше само четири удари кон голот.

Ваквиот настап не е нов, но е невообичаен кога се во прашање тимовите со кои раководи Пеп Гвардиола.

Интересен е податокот дека четирите удари на Сити се најслабиот учинок пред гол на противник на еден од тимовите на Гвардиола од 2010 година.

Тогаш ја водеше Барселона, со која беше шампион на Европа во 2009 и 2011 година.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига