ФУДБАЛ

Пеп по вториот пораз во сезоната: Декември е, има уште да се игра …

Манчестер Сити доживеа уште еден пораз во сезоната.

Тимот на Пепа Гвардиол во 18. коло од Премиер лигата изненадувачки беше поразен од Кристал Палас со 2:3, а граѓаните сега се четири поени зад Ливерпул.

Сепак, менаџерот Пеп Гвардиола не е незадоволен од работата на неговиот тим, иако изгуби важни поени.

„Почнавме многу добро имавме шанси, постигнавме одличен гол, а тие два пати го поминаа центарот и постигнаа два гола“, рече Гвардиола, додавајќи:

„Третиот гол … На овој начин не можеме да правиме пенали, мораме да избегнуваме вакви работи. Фудбалот е таков. Имаа три шута, постигнаа три гола. Сега е комплицирано, но ќе се бориме до последната секунда. Уште многу има до крај и ќе се обидеме да се вратиме на врвот“, рече Гвардиола.

Следен натпревар Граѓаните го играат за четири дена, тие ќе имаат тешко гостување на стадионот „Кинг Сити“ во Лестер.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига