ФУДБАЛ

Пеп подготви чудна понуда за замена со Реал, која Зидан веројатно нема да ја одбие

Шпанскиот весник „Дон Балон“ пишува дека Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе направат интересна замена во текот на летото.

Шпанскиот стручњак на клупата на Сити, Пеп Гвардиола има намера да испрати еден од најдобрите играчи оваа сезона, Бернар Силва, за да го принуди Зинедин Зидан да го испрати Хамес Родригез во спротивна насока.

Колумбиецот е надвор од плановите на Зидан оваа сезона, а во реална смисла неговата кариера веќе долго време е во надолна траекторија, но Пеп наводно е подготвен да го понуди својот врвен играч во замена за него.

Ова е секако една многу чудна информација што треба да се внимава, особено затоа што ја објави „Дон Балон“ кој инаку знае да пишува и лажни вести, а сепак е врвен таблоид.

Иако Хамес е во лоша форма во последните сезони, тој нема да има проблем да пронајде нов клуб во текот на летото бидејќи за него заинтересиранни се уште неколку екипи покрај Сити, а тоа се Евертон, Јувентус, Вулверхемптон и Арсенал на прво место…

Колумбиецот оваа сезона има запишано само седум натпревари во Ла Лига и постигна еден гол со една асистенција.

ПОВРЗАНО

Ла Лига