ФУДБАЛ

Пеп: Уживав во играта на Фулам, неверојатен тим

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека неговиот тим го победил Фулам само благодарение на индивидуалниот квалитет на играчите.

Граѓаните славеа против второлигашот на „Етихад“ по пресвртот со 4:1 и се пласираа во осминафиналето на ФА Купот.

„Игравме против фантастичен тим. Уживав да го гледам Фулам како игра и исто така се мачев многу за време на овој натпревар бидејќи тие секогаш знаеја што да прават. На крајот одлучи само разликата во индивидуалниот квалитет што е на наша страна“, изјави Пеп.

За разлика од градскиот ривал, Сити не се лизна во најстарото фудбалско натпреварување.

„Многу играчи од Премиер лигата се мачеа да продолжат понатаму. Јунајтед испадна (од Мидлсброу). Купот е незгодно натпреварување. ФА Купот е особено важен, па често се случуваат изненадувања. „Видете само како помина натпреварот на Вест Хем против тимот од шестата лига… Затоа најважно е што отидовме понатаму“, рече Гвардиола.

Сити последен пат го освои ФА Купот пред три години.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига